СЛЕДНИ НАСТАНИ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ
новогодишна претстава за деца на возраст до 10 години 
Дејството се одвива во домот на Дедо Мраз, каде што веселите Мињони – полни со ентузијазам и радост се обидуваат да му помогнат во пакувањето на новогодишните подароци. Но, мињоните не би биле мињони, доколку не ги искомплицираат работите и на пакетчињата стават погрешни адреси. Луѓето добиваат несоодветни подароци: дедо Миле - штикли, бебе Аце - чевли бр.45, баба Вања - цуцла, тета Вики - бормашина....
Следуваат реакции по медиумите! Амбициозната и злобна Сарлет, бара Дедо Мраз да се пензионира и таа да биде Тета Мразица.
Дознајте дали и како Дедо Мраз ќе се справи со овие нови предновогодишни предизвици!!!
ЕДУКАТИВЕН И ВОСПИТЕН АСПЕКТ:
Претставата, покрај забавната форма, има и силна воспитна порака.
Преку духовити ситуации, песна и смеење, децата учат дека секој може да згреши, но најважно е да научиме да простуваме, да си подадеме рака и да си помагаме едни на други. Да признаеме дека сечиј труд е вреден и дека радоста треба да ја споделуваме со другите.
Децата се поттикнуваат на другарство, соработка, одговорност и почитување на трудот.
Текст, режија и визуелизација: Роберт Ристов
Во претставата играат: Мирјана Поповска, Радо Алексовски и Роберт Ристов, .
Аудио продуцент: Горан Пајак Трифуновски
Продуценти на претставта: Мирјана Ристов и Роберт Ристов 

 

"